Промени го крајот на нечија приказна

Органодонорство и трансплантација

Во Северна Македонија, трансплантацијата на органи се развива постепено. Уште во 80 тите години на минатиот век имало обиди да се воспостави редовна програма за трансплантација, но се до 2012 година се работела исклучиво трансплантација на бубрег и тоа од жив донот.

Развојот на трансплантацијата во земјата доживеа значителен напредок со донесувањето на Законот за пресадување на делови од човечкото тело заради лекување во 2012 година. Овој закон овозможи трансплантацијата да се врши само во јавните здравствени установи кои имаат овластување и услови да вршат трансплантации. Веднаш потоа беше назначен Национален координатор за трансплантација, а секоја болница вклучена во активностите за трансплантација назначи и координатор за трансплантација на болница.

Министерството за здравство воспостави централен информациски систем за следење и документирање на сите постапки поврзани со трансплантацијата, вклучително и водење на единствена листа на чекање и евиденција за потенцијалните приматели на органи. Со ова, Република Северна Македонија постави солидни основи за развој на системот за донирање и трансплантација на органи.

Од 2014 година, по донесувањето на законот, започнаа и првите трансплантации на бубрези од починати донори, а подоцна и развојот на мултиорганската трансплантација. Во 2020 година, за прв пат беше изведена трансплантација на срце, означувајќи го почетокот на нова ера во трансплантацијата во земјата. Во истата година, уште и покрај предизвиците предизвикани од пандемијата на COVID-19, успешно се изведоа четири трансплантации на бубрези.

Статистиката за периодот од 2020 до 2023 година покажува дека вкупно се донирани 86 органи, што говори за зголемената свест и алтруизам меѓу граѓаните.

Проектот финансиран од Европската Унија претставува значаен чекор кон подобрување и надградба на системот за донирање и трансплантација на органи во Република Северна Македонија. Со поддршката на ЕУ, Министерството за здравство работи на засилување на капацитетите, подобрување на статистиката и зголемување на свеста за органодонорството меѓу граѓаните.

Едукацијата на здравствените професионалци и кампањите за јавноста се клучни елементи во овие напори. Во соработка со Европската Унија, Република Северна Македонија се насочува кон тоа да стане лидер во областа на трансплантација во регионот, притоа поставувајќи нови стандарди во здравствената заштита и давајќи надеж и нов живот на своите граѓани.

Според Законот за пресадување органи заради лекување, секој кој не се изјаснил дека не сака да донира органи се смета за потенцијален дарител по неговата смрт, но финалната одлука и потвдатa на неговата волја е пренесена на најтесното семејство.

Затоа, зборувајте со своите блиски. Вашата лична одлука може да спаси нечиј живот.

СТАТИСТИКА

Што ни покажуваат статистиките за последните години?

Раст на трансплантацијата

За да го разгледаме развојот во областа на трансплантацијата на органи во Северна Македонија, имаме на располагање податоци за периодот од 2020 до 2023 година. 2020 година е клучна за развојот на трансплантацијата во земјава од причина што тогаш за прв пат започнува да се развива мултиорганската трансплантација или трансплантацијата на повеќе органи од еден донор.

Донирани органи од 2020 до 2023 година: вкупно 86 органи

Овие цифри не само што се бројки, туку и зборови на надеж и живот.

Интересни информации од статистиката

Бубрезите се најчесто донирани органи: Според податоците, најмногу се трансплантираат бубрези од причина што еден пациент и донор може да донира два бубрега. Од 2020 година донирани се вкупно 34 бубрези.

Трансплантација на срце: во 2020 година, во пандемиска година, беше изведена првата успешна трансплантација на срце во Северна Македонија. До денес 10 пациенти добиле срце од починат донор

Трансплантации на коскени и меки ткива: Во 2021 година беше изведена и првата трансплантација на коски, коскени и меки ткива откако на Клиниката за Ортопедија беше востановена мака банка за коснеки ткива преку Проект на Германската амбасада.

Танспланатација на црн дроб: Во 2023 година, во ноември беше направена првата трансплантација на црн дроб. Во 2024 уште двајца витално загрозени пациенти добија црн дроб.

Извор на надеж и темели на етичики принципи: трансплантацијата на органи, освен што спасува животи, ги поставува и темелите на етичките принци во здравството, но и во општеството во целина. Органите се даруваат од луѓе кои починале, но согласноста за дарување ја даваат семејствата, а нивната дарежливост и желбата да спасат нечиј живот, и да помагаат на другите, ги прави вистински херои.

Надеж за иднина

Северна Македонија има потенцијал да стане лидер во областа на трансплантација во регионот. Владата и Министерството за здравство работат на подобрување на статистиката и подигнување на свеста за органодонорството. Едукацијата на здравствените професионалци и кампањите за јавноста се дел од напорите за зголемување на бројот на донори.

Етика и Дарежливост

Освен статистиката важно е истакнувањето на етиката на трансплантација. Органодонорството не само што спасува животи на пациентите кои немаат друг избор за лекување, туку и ја испитува нашата хуманост. Живите донори и семејствата на починатите донори заслужуваат почит и признание за нивниот алтруизам и надежта која ја даваат за подобра иднина на болните, но и на целото општество преку нивниот пример.

Одрекување од одговорност

Ставовите изразени во овој документ се единствена одговорност на “AESA – PLANET SA” конзорциумот и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската комисија.