Започна со снимање документарниот филм кој се реализира во рамките на кампањата за подигнување на свеста за органодонорство, дел од на Проектот за поддршка на системот за трансплантација во РС Македонија.
Првата клапа падна на 13.03.2024 година на Клиниката за државна кардиохирургија, кога се трансплантираше срце.
Овие фотографии се направени со дозвола на стручниот тим и на семејството на пациентот. Снимен е и видео материјал кој понатаму ќе биде дел од документарниот филм, кој јавноста ќе има можност да го погледне оваа есен. Оваа пролет ќе се снима на уште неколку локации во Скопје и низ земјава.
Целта на кампањата е да се подигне јавната свест за органодонорството и трансплантацијата, преку низа креативни активности.
Tрансплантацијата на органи, освен што спасува животи, ги поставува и темелите на етичките принципи во здравството, но и во општеството во целина. Органодонорството не само што спасува животи на пациентите кои немаат друг избор за лекување, туку и ја испитува нашата хуманост. Семејствата на донорите заслужуваат почит и признание за нивниот алтруизам и надежта која ја даваат за подобра иднина на болните, но и на целото општество преку нивниот пример.
Проектот е финансиран од страна Европската Унија и се реализира во соработка со Министерството за здравство.
Фотографии: „Види вака“
Одрекување од одговорност
Ставовите изразени во овој документ се единствена одговорност на “AESA – PLANET SA” конзорциумот и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската комисија.