Професионалните дизајнери, Ана Тасева, Гоце Велески и Воскресија Андреевска, и средношколците Амра Седиковиќ, Давид Манасијевиќ и Адријана Мирчевка, се шесте автори, креативци кои ги понесоа наградите за најдобри решенија на Повиците за визуелни дела за дизјанери и за средношколци – на тема: трансплантација и органодонорство.
Ним, вчеравечер, во Ист Гејт, во Зелената оаза, им беа доделени наградите за креативниот влог кој допрва има за цел да поттикнува отворено размислување и разговор за значењето на органодонорството.
Од над 120 дела пристигнати на конкурсот, 20 внимателно избрани уметнички дела нудат единствена перспектива на приказната за органодонорство и трансплантација, истражувајќи ги темите на надежта, издржливоста и убавината на давањето. Сите дела се извонреден приказ на креативност и сочувство што го слави длабокото влијание на донирањето органи и трансплантацијата. Со дела од искусни дизајнери и од ветувачки таленти, оваа изложба е доказ за моќта на уметноста да инспирира промени.
Изложба е повеќе од само уметнички потфат – таа е витален дел од определеноста на општеството да го поддржи системот за трансплантација во Република Северна Македонија.
Изложбата ја отвори евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир.
Да се дарува орган е еден од најблагородните чинови што може да се направат. Донирајќи орган, вие донирате живот на друго лице. Благодарност до сите што учествуваа во Повиците, талентот е евидентен. Горди сме на поддршката што ја обезбедуваме оваа земја да добие првокласен систем за трансплантација и органодарување, систем усогласен со највисоките стандарди. Ќе продолжиме и понатаму да работиме со сите засегнаи страни сѐ со цел трансплантацијата на органи да биде на највисокото ниво за сите граѓани на земјава. Ова е можност да ве охрабриме да ја пренесете пораката и да зборувате со вашите најблиски, со вашите семејства, колеги на работа, соседи, за придобивките што ги носи донирањето на органи. Доколку бидеме свесни – можеме заеднички да спасиме животи – изјави Гир
За најдобрите решенија и за делата кои беа дел од изложбата, одлучуваше петчлено жири кое го сочинуваа
- Дита Старова Ќерими, ликовен уметник,
- Зоран Кардула, дизајнер,
- Томислав Георгиев, фотограф,
- Маја Мојсова Мијовска, Национален координатор за трансплантација,
- Радмила Живановиќ, психолог.
Во своето образложение жирито вели дека пристигнатите дела, манифестираат голема посветеност на авторите, без разлика на нивната возраст и професионален бекграунд.
„Извонреден приказ на креативност и сочувство што го слави длабокото влијание на донирањето органи и трансплантацијата. Со дела од искусни дизајнери и од ветувачки таленти, оваа изложба е доказ за моќта на уметноста да инспирира промени. Од над 120 дела пристигнати на конкурсот, 15 внимателно избрани уметнички дела нудат единствена перспектива на приказната за органодонорство и трансплантација, истражувајќи ги темите на надежта, издржливоста и убавината на давањето. Авторите креирале дела полни со надеж и со асоцијации за поинаква, посветла иднина. Во едно брзо време на живеење, навистина дале значаен придонес во комуникацијата на една ваква осетлива тема“, стои во описот за изложбените дела на авторите.
Поздравни обраќања на изложбата покрај евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир, националната координаторка за трансплантација, Маја Мојсова Мијовска, и Адријана Георгиев, од Министерството за здравство кои укажаа на важноста од подигнување на јавната свест за органодонорството и трансплантацијата, и тоа не само како медицинска дејност, туку и од аспект на хуманост, емпатија, надеж.
Поздравни обраќања на изложбата покрај евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир, националната координаторка за трансплантација, Маја Мојсова Мијовска, и Адријана Георгиев, од Министерството за здравство кои укажаа на важноста од подигнување на јавната свест за органодонорството и трансплантацијата, и тоа не само како медицинска дејност, туку и од аспект на хуманост, емпатија, надеж.
Според Георгиев, трансплантацијата е медицински процес, но истовремено е и еден општествен процес што отвора важни прашања како што се хуманост, емпатија и љубов.
Ана Тасева е дизајнерката која ја понесе наградата за најдобар постер.
Ми беше задоволство што бев дел од овој проект, а самата инспирација беше процес на истражување, зошто прв пат работев на оваа тема. Целта ми беше да се постигне доза на надеж, постерот да биде минималистички, а во слоганот, да се даде повеќе значење, изјави Ана.
Наградата за најдобро лого отиде во рацете на Гоце Велески.
Во овие 15 години колку што се занимавам со графички дизајнер имам направено сигурно четирицифрена бројка на логоа, ама ова ми е во топ две. Се надевам ќе трае доволно долго, за моите две деца да речат „Е, ова го правеше татко ми на времето“, потенцираше Велески.
Наградата, пак, за најдобро лого ѝ припадна на дизајнерката Воскресија Андреевска. Нејзиниот слоган „Промени го крајот на нечија приказна“, ќе биде присутен во тековната брендинг кампања на сите решенија, и ќе има за цел да поттикне дискусија за една тема која е од огромно значење за сите нас.
Првата награда кај средношколците ја понесе Амра Седиковиќ.
Чест ми е што бев дел од овој конкурс и што можам да поттикнам свест за оваа табу тема, како многу важна. Инспирацијата ми беше трудот и пожртвуваноста на медицинсскиот персонал, и сакав да покажам дека секој има шанса да даде, донесе, направи нешто добро во овој свет, порача Амра.
Втората награда отиде кај Давид Манасијевиќ, а третата кај Адријана Мирчевска.
И двајцата порачаа дека ова било одлична можност да си ги проверат и докажат своите способности во графичкиот дизајн, но, и да ја испратат пораката дека органодарувањето е важно за сите нас.
Изложбата беше реализирана во партнерство со Ист Гејт и „Нептун Македонија“.
Настанот е дел од проектот „Поддршка на системот за трансплантација“, финансиран од Европската унија, во кој краен корисник е Министерството за здравство.
Одрекување од одговорност
Ставовите изразени во овој документ се единствена одговорност на “AESA – PLANET SA” конзорциумот и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската комисија.