Промени го крајот на нечија приказна

Повик за професионални дизајнери: „Кампања за брендирање и креативни визуелни решенија на тема: органодарување и трансплантација“

Како дел од иновативниот проект „Поддршка на системот за трансплантација“, финансиран од Европската Унија и имплементиран од Agriconsulting Europe S.A. (Италија) и PLANET S.A (Грција) и главен корисник Министерството за здравство на Република Северна Македонија, упатуваме Повик до професионалните дизајнери за создавње пакет за иновативни визуелни решенија (пакет за брендирање – лого, постер, слоган), со цел: влијание врз подигнување на свеста за важноста од донирањето органи и трансплантацијата.

Цел на повикот

Да се добијат креативни решенија на темата кои ќе информираат, едуцираат и подигнуваат свест за важноста на донирањето органи и трансплантацијата.

Што очекуваме од вашето решение за брендирање:

  • Иновативни креативни дизајни кои испраќаат моќна порака на тема донирање органи и трансплантација во формат на постер или друг формат на визуелен концепт кој подоцна би бил погоден за изложување на заедничка изложба на одбрани дела
  • Атрактивно лого што го симболизира значењето на донирањето органи, отелотворувајќи надеж, живот и единство и што ќе послужи како визуелен идентитет за иницијативата.
  • Предложена палета на бои која емотивно ја брендира темата кон емпатија и позитивни чувства.
  • Читлива типографија која пренесува топлина и инклузивност.
  • Слоган што ја доловува суштината на вашата порака за визуелно решение
  • Краток наратив кој ја објаснува идејата зад дизајните

Правила за аплицирање:

  • Еден дизајнер – една апликација
  • Лого во векторски формат (AI, EPS, SVG).
  • Визуелни решенија во формат погоден за печатење (PSD, JPEG, PNG, PDF, TIF) со висока резолуција (>300dpi).

Квалификуваност

Овој повик за визуелни решенија е отворен за професионални дизајнери кои можат да покажат портфолио на дизајнерски дела, без оглед на формалното академско образование за дизајн.

Како да аплицирате:

Испратете ги вашите дизајнерски идеи на следниов линк.

Осигурете се дека елементите на вашата апликација се во соодветен формат и резолуција.

Краен рок за аплицирање:

Пријавите се отворени до 4 март на полноќ.

Согласност:

Со учеството на повикот, се согласувате вашето дело и името под кое е потпишано на социјалните медиуми и други медиумски платформи за целите на кампањата за подигнување на свеста. Авторските права за доставените дела ги задржува Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, иако авторите го задржуваат правото да го изложуваат своето дело на изложби и да го приложуваат како дел од нивното портфолио.

Судир на интереси:

За да се осигури правичност и непристрасност, лицата кои се директно поврзани со проектот, вклучувајќи ги и членовите на проектниот тим, консултантите и тимот на ДЕУ, немаат право да учествуваат на овој повик.

Награда:

За доставените решенија одлучува петчлено жири. Најдобрите 10 до 15 избрани решенија ќе бидат дел од изложба организирана на јавен простор.
Комисијата го задржува правото да не избере ниту едно решение од поднесените пријави.

Структурата на наградата:

  • Најдобар дизајн на лого: Награда од 400 евра за најиновативниот и највлијателниот дизајн на логото. Ова го препознава дизајнерот кој најдобро ја доловува суштината на кампањата за донирање органи и трансплантација во лого.
  • Најдобар слоган: Награда од 300 евра за најпривлечниот и најнезаборавниот слоган. Оваа категорија го нагласува наративниот аспект на раскажувањето приказни на кампањата.
  • Најдобро визуелно решение за постер: Награда од 300 евра награда за дизајнерот кој ќе обезбеди најкреативен и визуелно најпривлечен дизајн на постер. Оваа категорија го нагласува визуелниот аспект на раскажување приказни на кампањата.
  • Решението треба да биде оригинално авторско дело на кандидатот. Истото треба да биде изработено наменски за проектот и досега да не е користено за никаква друга намена. Заедно со решението/решенијата, кандидатот треба да достави и референци на своите дизајнерски дела (портфолио, линкови, итн.).
  • Организаторот на Повикот има право да ги изложува на јавни настани креативните решенија поднесени од сите кандидати, како и да ги користи во промотивни цели, со цел подигнување свест за темата.
  • Организаторот се обврзува при изложувањето да го означи името на кандидатот кој го изработил решението.
  • Кандидатот го задржува моралното авторско право врз идејното решение.
  • Сите авторски права се отстапуваат на Делегацијата на на Европската Унија во Република Северна Македонија.  
  • Секој кандидат гарантира за оригиналноста на идејното/графичкото решение и ја презема целосната материјална и нематеријална одговорност за истото.

Важна забелешка:

Решенијата на секој учесник се подобни за повеќе награди во различни категории. Доколку поднесоците на дизајнерот се оценети како најдобри во повеќе од една категорија, тие ќе бидат соодветно признати и наградени за секоја категорија во која се истакнуваат.

Почитувани дизајнери,

Вашите придонеси ќе бидат значаен чекор напред во светот на трансплантацијата, особено во подигнувањето на свеста за ова прашање. Ве охрабруваме да размислувате надвор од рамката. Создадете решение кое остава траен впечаток и инспирира акција за поддршка на свеста за донирање органи и трансплантација.

Со нетрпение ги очекуваме вашите решенија!

Ако имате какви било прашања, слободно контактирајте нѐ на info@transplantacija.mk.

Одрекување од одговорност

Ставовите изразени во овој документ се единствена одговорност на “AESA – PLANET SA” конзорциумот и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската комисија.