Промени го крајот на нечија приказна

Конкурсот за брендинг заврши, резултати наскоро!

Со оглед на значењето на Конкурсот за визуелни уметнички дела на темата за органодонорство и трансплантација, за професионални дизајнери и за средношколци, сакаме да изразиме најискрената благодарност кон сите уметници и креативни умови кои се вклучија во овој процес на изразување. Вашето ангажирање и учество ќе поттикне размислување и делување за значењето на органодонорството и трансплантацијата, и во исто време ќе дава глас на тие кои се преку различни начини засегнати од овие теми.

Следниот чекор во овој процес е жирирањето на вашите дела. Жирирачко тело со состав од квалификувани експерти во областа на уметноста и медицината ќе ја разгледа секоја ваша пријава со внимание и посветеност. Вашиот труд и креативност ќе бидат прегледани со најголема внимателност и ќе бидат оценети според нивната оригиналност и релевантност кон темата.

Откако ќе бидат извршени жирирањето, ќе бидете известени за резултатите. На сите уметници чии дела бидат избрани за изложба, ќе им биде понудено претставување на нивната работа, каде што ќе имаат можност да ја споделат својата порака со пошироката заедница и да ги поттикнат разговорите за важноста на органодонорството и трансплантацијата. Уште еднаш, изразуваме најискрена благодарност кон сите учесници за нивната ангажираност и креативност.
Вашиот придонес е од суштинско значење и ние сме ви благодарни за тоа.

Одрекување од одговорност

Ставовите изразени во овој документ се единствена одговорност на “AESA – PLANET SA” конзорциумот и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската комисија.