Повик за брендирање
Ако сакам да прикачам повеќе фајлови, кој формат е најдобар? Зип, или некој друг?
Подобни формати се .zip .pdf со тоа што портфолиото или документ со линкот до портфолиото треба да го закачите во дополнителен фајл.
Дали во рамки на апликацијата треба да се испрати и guidebook за логото, односно, правилни и неправилни употреби на истото, дозволен празен простор околу него итн., или ова би требало да го испратам во иднина - доколку логото е одбрано?
Brand identity guideline за употреба на логото може да се испрати, но, не е задолжителен во оваа фаза. Во следната, за одбраното лого ќе биде побарано да се достави.
Во повикот пишува дека делата треба да се испратат под псевдоним, но исто така пишува и дека треба да се испрати портфолио од дизајнерот. Како да се задржи анонимноста?
Системот обезбедува анонимност на начин што жирито има увид само во делата и псевдонимот во моментот на одлучувањето. Портфолиото, системот го става на располагање во завршна фаза, како комуникациски материјал за авторот на одбраното лого, слоган и дизајн.
Одрекување од одговорност
Ставовите изразени во овој документ се единствена одговорност на “AESA – PLANET SA” конзорциумот и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската комисија.