Промени го крајот на нечија приказна

М3: Изведена мултиорганска трансплантација од починат донор, спасени најмалку четири животи

„По добиената согласност во вторникот, вчера во раните утрински часови започнаа трансплантациите на срце, црн дроб, бубрези и коскени ткива. Упатувам огромна благодарност до семејството на донорот кои повторно не потсетија на важноста, на емпатијата и на хуманоста и во најтешките моменти од животот“, изјави министерот Демири

Во наредните денови, пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива.

Во допис до медиумите, ресорниот министер Илир Димири упати огромна благодарност до семејството на донорот кое одлучило да ги донира органите од нивниот близок и притоа да спасат најмалку четири животи.

Министерството за здравство посочува дека од 2020 година досега се трансплантирани вкупно 77 витални органи – 11 срца, четири црни дроба, 38 бубрези и 24 коскени ткива.

Одрекување од одговорност

Ставовите изразени во овој документ се единствена одговорност на “AESA – PLANET SA” конзорциумот и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската комисија.