Дај му боја и линија на животот!
Дали знаеш дека органодарувањето е највисокиот чин на хуманост?
Си слушнал/а ли дека еден органодарител може да спаси осум животи?
Познат ли ти е фактот дека поголема е веројатноста да ни треба орган – отколку да даруваме?
Да?
Тогаш си на вистинското место! 😊
Те охрабруваме својата замисла да ја преточиш во креативна форма која ја чувствуваш најблиска:
- Изложбен / дигитален постер
- Дизајн на беџ
- Колаж
Награди:
За доставените решенија одлучува петчлено жири.
Најдобрите три дела освојуваат наградни ваучери за гаџети во вредност од 500, 300 и 200 евра
Најдобрите 10 дела ќе бидат изложени во јавна изложба, заедно со професионални решенија за графички дизајн.
Правила за Учество:
Отворено за сите ученици во јавните средни училишта во Република Северна Македонија.
Секој учесник има право да испрати најмногу две креативни дела.
Формат и пријавување:
Испратете ги вашите дизајнерски идеи на следниов линк.
Рок за пријавување:
Пријавувањето трае до 04 март на полноќ.
Согласност:
Со учеството на повикот, се согласувате вашето дело и името под кое е потпишано на социјалните медиуми и други медиумски платформи за целите на кампањата за подигнување на свеста. Авторските права за доставените дела ги задржува Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, иако авторите го задржуваат правото да го изложуваат своето дело на изложби и да го приложуваат како дел од нивното портфолио.
Доколку вашето дело биде избрано како едно од трите најдобри, или, пак, да биде дел од изложбата на јавен простор, потребна е потпишана согласност и од вашиот родител или старател за учество/присуство на планираните настани.
Судир на интереси:
За да се осигури правичност и непристрасност, лицата кои се директно поврзани со проектот, вклучувајќи ги и членовите на проектниот тим, консултантите и тимот на ДЕУ, немаат право да учествуваат на овој повик.
Ова не е само натпревар.
Ова е можност да придонесете во животно важна кауза. Вашата креативност може да помогне во ширењето на свеста за значењето на донирањето на органи и трансплантацијата.
Нетрпеливо ги очекуваме вашите инспиративни креации! 😊
Повикот е во рамки на проектот „Поддршка на системот за донирање и трансплантација на органи во Македонија“, финансиран од ЕУ и подготвен во соработка со Министерството за здравство на РНМ.
Одрекување од одговорност
Ставовите изразени во овој документ се единствена одговорност на “AESA – PLANET SA” конзорциумот и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската комисија.